Сите граѓани, кои примија вакцина „Астра Зенека“ во Србија, ќе можат да се ревакцинираат во земјава, по пристигнувањето на дополнителна количина од ова вакцина преку Ковакс механизмот, што според најавите се очекува да се случи до крајот на овој месец, но сепак во однос на вакцинирањето на помладите граѓани ќе се почека официјалниот став на Европската агенција за лекови.
Ова го изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Геронтолошкиот завод „13 Ноември” во Ѓорче Петров, напоменувајќи дека официјален став за „Астра Зенека“ се уште нема, а попладнево во 16 се очекува прес-конференција на ЕМА.
-И вчера во текот на попладневните часови и денеска утрово разговаравме со претставниците на српското Министерство за здравство и ги очекуваме сите податоци. Целта е да се евидентираат луѓето коишто се вакцинирани и ако сакаат да се ревакцинираат во нашата земја тоа ќе можат да го сторат кога ќе пристигнедополнителна количина на вакцината „Астра Зенека“ преку Ковакс и според најавите би требало да биде до крајот на месецов. Но, во делот на и вакцинацијата и ревакцинацијата на помладите луѓе коишто примија вакцина во Србија официјален став се уште нема. И за денеска е закажен за попладневните часови состанок на ЕМА, така што ќе ги причекаме тие нивни ставови, изјави денеска Филипче.
ЕМА денеска во 16 часот во Амстердам ќе одржи прес-конференција за случаите со згрутчување на крвта. Прес – конференцијата ја потврдија официјално на сајтот на ЕУ институциите. Објаснувањата на ЕМА се очекуваат откако вчера главниот одговорен за стратегијата на вакцинација во оваа Агенција, Марко Кавалери, изјави дека постои поврзаност помеѓу вакцините на „Астра Зенека“ и случаит на згрутчување на крвта.
Кај нас по препораките кои ги применија Германија и Канда, вакцината „Астра Зенека“ не се аплицира на лица помлади од 60 години. Филипче вчера рече дека доколку ЕМА препорача да не се вакцинираат помлади од 60 години со „Астра Зенека“, граѓаните кои ја примија оваа вакцина во Србија ќе бидат ревакцинирани со вакцина од друг производител.
Филипче вчера рече и дека вакцинирањето со „Астра Зенека“ кај граѓани над 77 години на пунктовите низ државата се одвива добро и без контраиндикации.
Comments are closed for this post.