Јован Вукотиќ кому македонското МВР му издало пасош е безбедносна интересна личност и водач на озогласениот црногорски Шкаљарски клан.
Тој беше екстрадиран од Србија во Црна Гора на 8 февруари, кој го бараше да спроведе кривична постапка пред Високиот суд во Подгорица за тешки обиди за убиство и недозволено поседување оружје.Но Вукотиќ го напушти затворот Спуска на 28 јули откако му беше укинат притворот.
Тој беше осомничен за обид за убиство на Милош Радоњиќ и Војин Ступар, а беше обвинет и за пукање во Тамара Звицер, но беше ослободен.
Покрај тоа, Вукотиќ е во близок контакт со групата на Лука Бојовиќкој издржува казна затвор од 18 години во Шпанија за организиран криминал. Двата клана работеа заедно за шверц и дистрибуција на наркотици низ цела Европа. Според оперативните податоци, Јован Вукотиќ често престојувал во Белград, но доаѓал и во Нови Пазар, Копаоник и Златибор, каде се сретнал со членовите на кланот на Лука Бојовиќ.
Дрога и убиства
Вукотиќ претежно вршел активности на криумчарење дрога и извршувал најтешки злосторства кон Кавачкиот клан со кој војува од 2014 година.
Оваа војна започна на крајот на 2014 година, кога 300 килограми кокаин исчезнаа во шпанското пристаниште Валенсија.
Тој дејствува заедно со неговиот брат Игор и сограѓанинот Игор Дедовиќ кој лани беше изрешетан во Атина во еден ресторан.
Јован Вукотиќ е во врска со Дејана Живковиќ една од најзгодните манекенки во Србија.Дејана пред Јован беше во врска со босанскиот тенисер Дамир Џумхур.
Comments are closed for this post.