Лажеа тогаш, две ипол години потоа повторно лажат, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ветувањата на власта дека ќе биде изграден автопат Прилеп – Битола.

Иста лага само различни ликови. Тој што лаже, тој и краде, а тоа овие луѓе најдобро го знаат, тие се дел од најкорумпираната и најкриминалната влада на Балканот, вели Мицкоски.

Тој потестува дека Македонија денес со овие луѓе е на 111 место според нивото на корупција на листата на „Транспаренси интернешнал“.

Пелагонискиот крај памети и ќе казни и за тутунот и за житото и за сите лаги овие четири години.
Да ја направиме Македонија и Пелагонија горди повторно!
#ИднинатаЕНаша
#МакедонскаПролет, порача Мицкоски.