Министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на болниците во Прилеп и Битола изјави дека Северна Македонија се соочува со веројатно најсилниот период на зарази со коронавирусот од почетокот на пандемијата.
„Сега се соочуваме со пикот на досега веројатно најсилниот бран. На голем број пациенти им е потребна соодветна здравствена заштита за што имаме секојдневна координација и комуникација со директорите на сите болници ширум државата. Има сосем доволен број на болнички кревети секој пациент ќе ја добие потребната здравствена заштита. Системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини, овде во Битола 3, што го прави битолското ковид одделение најголемо во државата за да одговори на потребите согласно бројот на жители, граѓани, пацинети од целиот регион кои се лекуваат во оваа болница, позната и по историјата и по експертизата од многу области“, изјави министерот.
Филипче информираше и дека за евентуални дополнителни рестриктивни мерки за прeстојните празници Комиисијата за заразни болести допрва ќе одлучува.
„На еден од претходните состаноци најавивме дека ова специфично ќе го дискутираме, но да ве потсетам дека за време на минатогодишните празници имаше построги рестриктивни мерки, а сепак се појавија нови и нови пациенти. Сепак суштината е во почитување на веќе важечките превентивни мерки“, истакна Филипче.
За процесот на вакцинација против Ковид 19, министерот рече дека, како во Битола, така и во останатите градови низ државата процесот се одвива без проблеми. Тој посочи и дека очекува српските здравствени валсти да го испратат електронски списокот за сите граѓани кои изминатиов период се вакцинрале во Србија, додавајќи дека сите кои се вакцинирале таму, втората доза ќе ја добијат во Северна Македонија.
Министерот апелираше до граѓаните да продолжат со почитување на мерките и по вакцинацијата.
„Да се почитуваат веќе препорачаните превентивни мерки маските, дистанцата исклучително е важна сега и времето е убаво, но секаде во регинот се случува многу силен бран, иладници заразени во околните земји, така што препорака за граѓаните е да се почитуваат важечките мерки. И после вакцинацијата ќе останат на сила тие превентивни мерки, маската ќе ја носиме навистина долго време“, изјави Филипче.
Comments are closed for this post.