Очигледно е дека службите се масовно партизирани, строго непрофесионални во врвовите и нанесуваат штета на државата.
Ова во интервју за КУРИР го посочува полковник Драган Ковачки кој е и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во последно време гледам дека се примаат лица и во Министерството за внатрешни работи и во АРМ, лица кои што имаат досиеја. Во МВР, во некои оперативни евиденции се водени, а некои имаат дури и дела заведени во судските инстанци. Јавно ќе ги прашам министерот за внатрешни работи и министерот за одбрана дали има такви лица кои не ги исполнуваат критериумите за прием, кои не ги поминале безбедносните проверки, а биле вработени од ваша страна? Кратко да одговорат, со „ДА“ или со „НЕ“, истакна Ковачки.
Тој вели дека го знае одговорот и порачува дека останува на нив што ќе прават со тие лица.
-Тие лица се примени и сè уште имаат активен статус во МВР и во Армијата. Дали службите ги известиле дека има такви лица, со досеија, па овие тој факт не го земале предвид или пак службите потфрлиле и не ги известиле. Како и да е, одговорност мора да има, порача Ковачки.
Целото интервју можете да го погледнете овде.
Comments are closed for this post.