Националниот совет на редот на лекарите повикува на „вистинско затворање таму каде штое потребно“, бидејќи според него Франција ја „изгубила контрола над епидемијата“ со Ковид-19, јави дописникот на МИА.
-Додека не бидеме масовно вакцинирани, било каде, каде што е сериозна ситуацијата, мора да се затвориме“, пишува претседателот на Советот на редот Патрик Буе, во отвореното писмо објавено од весникот „Либерасион“ и упатено до Емануел Макрон , кој вечерва треба да и се обрати на нацијата.
-Секој мора да го стави здравствениот императив пред било кој друг и да ја земе во предвид оваа нова ситуација: вирусот победува, продолжува тој, оценувајќи дека „за многу од оние кои секој ден се соочуваат лице в лице со Ковид-19, се чини дека ја изгубивме контролата над епидемијата “.
– Пациентите се сè помлади, контаминацијата во училиштата се исто толку зачудувачки показатели за ова континуирано влошување на состојбата веќе неколку недели, според Патрик Буе, кој предупредува на можноста за „преполнетост“ на одделенијата за реанимации.
-За неколку дена, лекарите ќе треба да избираат помеѓу пациентите според немедицински критериуми, едноставно поради недостаток на средства или достапна опрема. Oва прашањеќе се постави пред нас на краткорочен план, со сето свое насилство. Соочени со ужасно сериозна ситуација, ни се наметнува потреба од построги мерки, а со тоа и за вистинско ограничување таму каде што тоа е потребно“, инсистира претседателот на Националниот совет на редот на лекарите.
Comments are closed for this post.