Во Македонија има бандити кои и од вакцини бараа провизии, рече во вечерашната „Заспиј ако можеш“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Министерот за здравство Венко Филипче требаше одма во петокот да си даде оставка кога граѓани заминаа да се вакцинираат во Србија, а минимум доблесен премиер требаше да даде оставка во саботата. Ова е срамота. Која е поентата вие да сте министер за здравство или премиер на една држава, а граѓаните да бегаат од вас и да одат да се спасуваат во соседна држава. Па нема поголема брука за било кој носител на јавна функција затоа што поентата на јавна функција е да служите на народот но и да оставите нешто позади себе.Ова што се случува е една безчуствителност. Афера за афера им излегува во однос на вакцините. Гледате дека во Словачка цела влада даде оставка заради спор за набавка на вакцини. Во Македонија излегоа документи каде се гледа дека пробале дупло да земат провизија. Синофарм вакцина се продава меѓу 26 и 30 долари, овие овдека пробале истата да ја купат за 62 долари. Нормално дека нема да им ја продадат за толку. Клучното е дека имаме бандити кои и од вакцини пробаа мито да земат и плус не ги обебзедуваат вакцините, рече Николоски во своето гостување.
Понатаму во своето гостување потпретседателот Николоски зборуваше и за преписката помеѓу Филипче и Пендаровски и посочи дека и двајцата не се способни да набават една вакцина.
Минимум морален чин ќе беше оставка од премиерот и од министерот за здравство, а минимум морален чин од претседателот на државата ќе беше да молчи, а не да префрла одговорност. Јас не мислам во тоа напаѓање денес помеѓу претеседателот на државата и министерот за здравство дека било кој е во право. Тоа што едниот го зборува за другиот е точно, ама и обратното е точно. Тоа што Филипче го зборува за Пендаровски е точно, тоа што Пендаровски за Филипче го зборува е точно и кога ќе повлечете линија гледате дека двајцата една вакцина не успеајаа да обезбедат во Македнија и прашањето за Пендаровски е зошто е тој претседател, додаде Николоски.
Comments are closed for this post.