Решенијата за државјанствата не можат да отстапуваат од меѓународната пракса и од тоа што се нормативи на државата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, најавувајќи дека утре ќе присуствува на состанок заедно со премиерот Зоран Заев, и оти имаат детална анализа како и кои се проблемите во делот на добивањето на државјанствата и кои би можеле да бидат излезните решенија.
Спасовски информира дека на утрешниот состанокот ќе се разговара и кои чекори треба да се преземат во наредниот период, но, како што нагласи, предлог решението би било во рамки на уставните надлежности, законските процедури и меѓународната пракса.
Околу 800 лица, според анализите во МВР, немаат никаков документ, а се наоѓаат на територијата на нашата држава или т.н. фантоми, но веќе е надминат проблемот за упис во матичната книга на родените и за добивање на сите други права кои произлегуваат за да може да ги остваруваат правата како државјани на РС Македонија, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за правда, Бојан Маричиќ.
– Анализи имаме и во друг сегмент, но тоа не мора да значи дека се некакви точни бројки до крај. Би требало кога ќе се започна процесот на менување на Законот ако за тоа има потреба или изнаоѓање одредени механизми навистина да дојдеме до точната бројка преку одредени пријавувања. Сепак, сметам дека тоа не е преголема бројка на оние што немаат државјанство, а се наоѓаат на територијата на нашата држава и ќе ги исполнат сите норми, рече министерот Спасовски.
Comments are closed for this post.