Македонија со пораз ги започна квалификациите за СП во Катар. Романија победи со 3-2 на меч во кој заслуживме најмалку бод.Го имавме во џебот но не издржавме уште неколку минути.
Македонија создаваше шанси, играше, но едноставно немавме среќа да дадеме гол. Несторовски двапати промаши, Пандев исто така, Елмас.
Романија поведе и со два нула но Македонија се врати со головите на Трајковски и Адеми.И кога сите помисливме дека мечот ќе заврши нерешено следниот напад примивме гол.
Во судиското продолжение Адеми даде гол но со право беше поништен поради офсајд.Следниот меч го играме во недела со Лихтенштајн во Скопје.
Comments are closed for this post.