Ноќеска во хокејарската НХЛ лига се одиграа три натпревари.Најубедлива победа оствари Винипег на гостувањето кај Ванкувер со 1-5. Сан Хозе го победи Лос Анџелес со 4-2 а победа на домашен терен имаше и Питзбург над Бафало со 5-2.

Натпреварите почнаа да се играат со редуциран број гледачи но и натаму голем број од мечевите се одложуваат поради позитивни играчи на корона.