АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола во моментов работи согласно потребите на електроенергетскиот систем на Република Македонија.
Комбинатот ги испорачува потребните количини електрична енергија, согласно планот за производство на АД ЕМ и барањата на универзалниот снабдувач.
Проблеми во производството имало и ќе има, особено заради фактот што РЕК Битола со години наназад бил запоставуван и неревитализиран. Голем број од фирмите, пак, кои денес извршуваат различни услуги го комбинатот, меѓу кои и ремонтни активности на блоковите, изведувале зафати и во минатото, заради својата специфична стручност.
Електроенергетскиот систем на земјата е стабилен и освен РЕК Битола, потребните количини струја се произведуваат и од РЕК Осломеј, хидроцентралите и ветерниот парк.
АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола во повеќе наврати апелира до политичките партии да не го инволвираат во дневно – политичките пресметки. Апелираме и сега, ситните поени да се “ловат” на друго место, а не во столбот на електроенергетскито систем на Република Македонија.
Comments are closed for this post.