Денес на аеродромот во Сараево беа доставени 23.400 дози вакцини на BioNTech/Pfizer, кои Босна и Херцеговина ги купи во рамките на механизмот COVAX.
Преку механизмот COVAX се нарачани 1.232.000 дози. Видот на вакцината зависи од COVAX механизмот, односно кои вакцините се достапни во рамките на механизмот. За БиХ во поментов е предвидена испорака на BioNTech/Pfizer и AstraZenecа.
Процесот на набавка на вакцини преку COVAX во БиХ започна во јули, а договорот беше потпишан на 18 септември 2020 година. Овој механизам, кој опфаќа 186 земји, е координиран од Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ), Светската здравствена организација (СЗО) и Коалицијата за епидемиска подготвеност (ЦЕПИ).
Comments are closed for this post.