Во Република Северна Македонија по речиси 19 години се спроведува најмасовната и најсложена операција согласно сите стандарди на Евростат и Обединетите нации. Државата конечно ќе добие релевантни и сеопфатни податоци кои ќе го олеснат креирањето на корисни политики за економски, социјален и образовен развој на државата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од СДСМ.
Од таму додаваат дека пописот е најважна државничка работа, но и граѓанска обврска и затоа е важно секој граѓанин да си ја исполни обврската и да учествува на пописот.
Со учество на пописот секој поединец дава свој придонес кон градење држава која се темели на точно утврдени податоци, а не претпоставки. Истовремено, непречено тече пописот на нерезиндентното население, односно на нашите иселеници во дијаспората. Според досегашните податоци, над 137.000 наши државјани во странство се самопопишале преку веб апликацијата, а процесот ќе трае до 21 април. Ги повикуваме сите граѓани од дијаспората да се приклучат на овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе од сите краеви на светот. Од друга страна, повиците за бојкот и одлагање на пописот кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се незаконски и антидржавни. Тоа се штетни ставови кои создаваат конфузија меѓу граѓаните и носат штета за државата, велат од СДСМ.
Од владејачката партија се закануваат дека бојкотот на пописот е кривично дело.
Крајно време е политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица да престанат да работат на штета на државата, стои во нивното соопштение.
Comments are closed for this post.