Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84) од понеделникот е во болница и нема да присуствува на јавни настани во блиска иднина.

Утрово Берлускони требаше да се појави на рочиште во врска со случајот во кој заедно со уште 28 лица е обвинет за корупција. Неговиот адвокат Фредерико Кечони, утрово во Судот во Милано рече дека неговиот клиент е примен во болница уште во понеделникот, но не соопшти детали за причината за хоспитализација.

Гардијан пренесува дека еден извор рекол дека „не е ништо сериозно“.