Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 март 2021, тестирани се вкупно 24.517 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.441; 49,9%), со неделна инциденца – 557,1/100.000. Највисока неделна инциденца од 899,1/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија).
Процентот на позитивност се движи од 23,4 до 32,3%, просечно 27,9%, 3% повеќе во споредба со минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.772, 25,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.303; 18,9%), 40-49 (n=1.272; 18,4%), 50-59 (n=1.210; 17,5%) и 20-29 (n=864; 12,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=144; 2,1%) и 10-19 години (n=334; 4,8%). Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10-19 (33,1%), 50-59 (32,1%) и 40-49 (30,2%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.343 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 22,1% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 158 смртни случаи од 27 градови, 22,5% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лицa биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, три лица од возрасната група 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.
Заклучно со 22.03.2021, вкупно се вакцинирани 6.704 здравствени работници со прва доза (4.002 – Pfizer/Biontech и 2.702 – Sputnik V) и 2.572 (Pfizer/Biontech) со втора доза на вакцина против КОВИД-19.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 15 до 21 март 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.
Comments are closed for this post.