Повеќе од 82 000 наши државјани од дијаспората ја искористија можноста да се самопопишат со што придонесуваат во креирањето поквалитетни политики за подобра иднина на татковината, објави на својот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев.  

Ги повикувам сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство. Mакедонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други без разлика на етникумот, сите кои имате македонско државјанство, попишете се! – напиша Заев на Фејсбук. 

На тој начин ќе знаеме, додава премиерот, како да ги подобриме услугите на дипломатско-конзуларните претставништва, но и ќе можеме да го искористиме потенцијалот на дијаспората за развојот на Македонија и за промоција на земјата во светот. 

Самопопишувањето е многу едноставно, а личните податоци се целосно и најстрого заштитени – вели Заев.

Повеќе од 82.000 наши државјани од дијаспората ја искористија можноста да се самопопишат со што придонесуваат во…

Posted by Zoran Zaev on Friday, March 19, 2021