Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на тутунарите

19.03.2021 / 14:27


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешната средба со жителите на Чаир, прашан од страна на новинари за големиот револт кај тутунарите кои се жалат за откупот на тутунот, рече дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на тутунарите. Тој истакна дека не смее власта да си поигрува со трудот на тутунарите кои чесно и напорно се мачат да си го заработат лебот.

-Тутунарите ја имаат целата поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, се разбира и од пратеничката група. Ова го говорам затоа што пред извесно време ние поддржавме закон во Собранието, зборам токму поради нас помина тој закон затоа што немаше кворум во Собранието. Но, ВМРО-ДПМНЕ гласаше за да се продолжи рокот за откуп на тутун, но како што можам повторно да слушнам цените се многу ниски. А тоа се случува поради одреден увоз на тутун од одредени земји. И тоа тутунарите го знаат. Оваа власт крие и сака да сокрие дека нивни структури шверцуваат тутун или го носат тука, го увезуваат за да го продаваат, дециден е Мисајловски.

Затоа да не си поигруваат со тутунарите, рече тој, бидејќи тие се луѓе работници кои сакаат само трудот да им се плати и она што го сработиле да им се исплати.

-И ние како пратеничка група ќе настојуваме и во иднина да се врати она старо законско решение каде што навистина тутунарите имаа поголеми права и со кое решение тие ќе добијат поголема и реална цена за тутунот. Затоа повторувам ВМРО-ДПМНЕ е целосно на страната на тутунарите, изјави Мисајловски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Почнува расправата за новиот буџет

пред 6 часа
Економија

Една компанија која си заминува од Србија доаѓа во Македонија

пред 2 дена
Економија

Мицкоски убеден: Aлта банка нема да оди во стечај, ќе се продаде на јавна аукција

пред 2 дена
Економија

Мицкоски: Успехот на секоја компанија, секоја инвестиција и секое новоотворено работно место е успех за целата држава

пред 2 дена
Економија

Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“

пред 2 дена
Економија

„АЛТА банка“ со олеснети условите за физичките лица, но фирмите остануваат блокирани и без можност да работат со своите пари

пред 3 дена
Економија

Пари има, плата нема – една недела НБРМ се врти во круг

пред 1 нед.
Економија

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата

пред 2 недели
Економија

Што ќе биде со Алта Банка во Македонија?

пред 2 недели
Економија

БДП во 2025 година реално пораснал за 3,8 проценти, по жител изнесувал 9.859 евра

пред 2 недели
parla iptvstarzbetcasino siteleristarzbetgrandpashabet9037.combahis sitelerien iyi bahis siteleri yasalen iyi bahis siteleri yasaljojobet girişgrandpashabet girişkumar siteleriGrandpashabetgrandpashabet girişgrandpashabetdeneme bonusukumar siteleriGrandpashabetGrandpashabetbahis sitelerigüvenilir bahis sitelerikahraman haberdeneme bonusugrandpashabetgiftcardmall/mygiftextrabetjojobet