Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека на случаите како со екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски треба да се обрне внимание.
„За сите тие настани кои што треба да се третираат од аспект на Кривично-правен настан треба да се обрне внимание, да се посочи дека има некакво сомневање, кое што прво може да биде сомневање па да се издигне на повисоко ниво на основа или основано за да понатаму се оцени дали ќе се води постапка“, вели Тасева.
Таа додава дека е добро што Основното јавно обвинителство решило да отвори постапка по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“.
Comments are closed for this post.