Антикорупциска ја чека документацијата за кинеските вакцини, па потоа ќе донесе одлука дали ќе покрене постапка. Обвинителството и Финансиската полиција засега само ги следат информациите за набавката. Во меѓувреме кинеските вакцини никако да стигнат во земјава, пишува „Радио Слободна Европа“.
Сè уште не се знае кога кинеските вакцини ќе пристигнат на македонско тло, но, не се знае ни дали патот по кој првично тргна министерот за здравство Венко Филипче за нивна набавка бил погрешен и дали ќе одговара. Засега само Државната комисија за спречување на корупција се активираше и побара од Министерството за здравство да им биде доставена целокупната документација за набавката.
Од Министерството за здравство рекоа дека ќе нѝ овоможат пристап до документацијата, па потоа ќе донесеме одлука дали ќе се покрене постапка за случајот. Побаравме и од Владата да ни ја достават целата документација за набавката на вакцини и од другите производители“, велат од Антикорупциска за Радио Слободна Европа.
За разлика од Антикорупциска, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Финансиската полиција се уште само со интерес ги следат случувањата и информациите во јавноста.
„Ла Верита“, имено, објави дека комуникацијата меѓу македонската влада со „Синофарм“ се вршела преку кинеска фантом фирма „Старби Интернешнл“ која нема никаква врска со фармацевска ниту медицинска дејност. Во јавноста останаа неодговорени прашањата за тоа која е фирмата „Старби Интернешнл“ преку кој бил остварен контакт уште на 25 декември.
Целиот текст тука.
Comments are closed for this post.