Денеска давам изјава од посетата на Демир Хисар и Крушево. Главната тема на средбите со граѓаните е катастрофалниот откуп на тутун и гледаме дека производителите на тутун се многу незадоволни. Прво од ниската откупна цена и второ од декласирањето на тутунот според некоја методологија на мустри кои што не одговараат на квалитетот на произведениот тутун и трето од тоа што гледаат дека во државата за жал некои стопански субјекти блиски до власта увезуваат ориентален тутун што претставува директна конкуренција и го загрозува производството на домашниот тутун, изјави денеска за медиумите, Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека како политичка партија побарале уште во декември минатата година во собранието да се расправа за оваа тема. Но, за жал владејачкото мнозинство не излезе во пресрет на таквите барања.
– Сега е продолжен откупот до крајот на март, но гледаме ситуацијата не се менува и голем број на тутунопроизводители остануваат со непродаден тутун а од тоа егзистираат. Цениме дека ваквиот начин и однос од власта не е соодветен со трудот и времето кое се вложува од страна на тутунарите во производството на тутун, вели Милошоски.
– Ние како пратеници ќе пробаме повторно во собранието оваа тема да ја подигнеме во јавноста и со самото тоа да создадеме притисок врз властите и компаниите да го испорачаат она што тутунопроизводителите го заслужуваат, додаде тој.
Comments are closed for this post.