Вчера, како што информираат музичарите од Прилеп самоиницијативно остварија работен состанок на кој разговараа за проблемите со кои се засегнати поради Ковид пандемијата.

Во писмото кое го испратија до медиумите со фотографии од средбата и потписи на учесниците велат:

„Еве цела година како не работиме и немаме право на егзистенција, ние сме единствената гранка во општеството кое е дискриминирана и нема право да ги остварува своите работни обврски! Ние не бараме парична помош од државата, не сакаме да го оптеретуваме буџетот, ние бараме да се изготват протоколи и мерки за конечно да почниме да  музицираме. Како што се изготвија мерки за дикотеки, казина, кафиќи, ресторани и тн. возможно е и музичарите да работат и да егзистираат!!! Апелираме до музичките здруженија каде и ние членуваме да се направи протокол за работа и да се достави до Владата на Република Македонија за што поскоро да започнеме со работа, во спротивно масовно ќе излеземе на протести 24/7 блокирајќи го превојот „ПЛЕТВАР“. Оваа одлука едногласно беше донесена од прилепските музичари каде секој  со својот  потпис ја поддржа оваа одлука“, стои во информацијата.