Од банкомат на ТТК банка во Тетово украдени 1.300.000 денари

16.03.2021 / 12:52


Тетовската полиција од вчера работи на откривање на сторители на кражба на 1.300.000 денари, кои се одземени насилно од банкомат на ТТК банка во Тетово. Вчера во 5 часот во СВР Тетово пријавена е кражба во банкарска филијала на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.

– Насилно била отворена влезната врата од објектот и од банкоматот биле одземени четири каси со пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се расчистува случајот, информираат од СВР Тетово.

За настанот соопштение до јавноста испрати и ТТК банка.

– ТТК Банка АД Скопје ја информира јавноста дека на 15 март 2021 година, веднаш по завршување на забраната за движење вон работното време на Банката, извршена е кражба на парични средства од банкомат лоциран во експозитурата АРМ во Тетово од непознат сторител. При кражбата одземени се околу 1,3 милион денари, соопштуваат од банката.

Потенцираат дека целиот имот и средства на Банката се претходно осигурени во функција на елиминирање на ризиците од ваков вид настани. (МИА)


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Хроника

Новиот обвинител не сака притвори туку поблаги мерки

пред 3 дена
Хроника

Груби останува во домашен притвор

пред 4 дена
Хроника

Eден ден по одбележувањето на годишнината, продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

пред 1 нед.
Хроника

2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани

пред 1 нед.
Хроника

Кочани една година потоа, болката не поминува

пред 1 нед.
Хроника

Ивана се фрлила од тераса додека се пакувала да оди кај мајка и

пред 3 недели
Хроника

Што ќе откријат новите сведоци за пожарот во „Пулс“?

пред 3 недели
Хроника

Тошковски за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство, а сопругот бил апсен и имал криминално досие

пред 3 недели
Хроника

Повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците, Ивана се повлекувала: Тошковски открива што претходело на трагедијата во Карпош

пред 3 недели
Хроника

Ќе се враќаат личните предмети на починатите и повредените од дискотеката „Пулс“

пред 3 недели
marsbahis girişjojobet girişjojobet girişjojobetjojobet girişjojobet girişJOJOBET GİRİŞholiganbetjojobetjojobet girişgamdom