Во Србија, од утре до понеделник 22 март, сè ќе биде затворено, освен продавници за храна, аптеки и бензински пумпи, изјави денеска премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
Нема да воведеме полициски час, ќе се прави сé што е потребно. Треба дополнително да го забавиме животот во Србија за да видиме дека бројот на новоинфицирани е во стагнација, и ова е првенствено поддршка за нашите здравствени работници и здравствениот сектор, изјави Брнабиќ за новинарите по седницата на Кризниот штаб.
Брнабиќ најави дека следната недела ќе биде донесена одлука дали овие мерки ќе бидат продолжени.
Тоа зависи од сите нас. Апелирам за максимална дисциплина и разбирање на ситуацијата, рече Брнабиќ.
Comments are closed for this post.