Во состојба, кога бројките на корона новозаразени и починати повторно галопираат, правопропорционално со неспособноста на Филипче и на целата Влада, дали е разумно да се спроведе пописот? Последните статистики ни кажуваат за 19 починати и 541 нови случаи или вкупно 3.319 починати и 112.810 заразени од Ковид-19. Нели е ова доволен сигнал за одложување на пописот, се вели во Фејсбук статусот на Дафина Стојаноска.
Веќе секој граѓанин на Република Македонија се чувствува загрижен и загрозен. Дајте малку разум. Се работи за здравјето на сите. И на попишувачите, и на оние кои треба да се попишат. Пописот не ни е сега приоритет. Приоритет ни се нашите животи, пишуваа таа.
Во состојба, кога бројките на корона новозаразени и починати повторно галопираат, правопропорционално со неспособноста…
Posted by Дафина Стојаноска on Monday, March 15, 2021
Comments are closed for this post.