Претставата „Што е силеџија“ ќе се одигра во театарот за деца и младинци, во среда со почеток од 7 часот. Таа е наменета за публика над 14 години, а во неа се опфаќаат проблемите поврзани со врсничкото насилство во едно средно училиште. На втор план, се прикажува проблемот на силеџиството во општеството како и на гневот што го носиме во себе кој предизвикува друг гнев. Автори на текстот се Горјан Милошевски и Хана Миленковска, која истовремено е режисерка.
Веќе не е доволно и не помага само да се зборува за силеџиите и нивниот чин на насилство, да се прави претстава или филм во кој гледаме како насилни индивидуи малтретираат други индивидуи. Веќе живееме во време кога сме освестени за повеќеслојноста на овој проблем. Мора да се најдат причините, настаните, луѓето кои од едно нормално дете, еден чист човек направиле силеџија. Кои се силеџиите на силеџиите? Кои се факторите за еден човек да манифестира силеџиство, објаснуваат авторите.
Во претставата „Што е силеџија“ играат актерите Никола Наковски, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Матеа Јанковска и Ангела Димитрова.
Comments are closed for this post.