Роналдо со вчерашниот хет-трик ја надмина бројката од 770 голови и стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот.

Пеле иако претходно тврдеше дека имал постигнато 1283 голови, сепак се чини дека се помири со фактот дека веќе не е најдобар стрелец и му честиташе на Роналдо.

Кристијано, животот е соло лет. Секој си го прави својот пат. И какво прекрасно патување имаш ти! Многу те почитувам, сакам да гледам како играш и тоа не е тајна за никого. Честитки што го урна мојот рекорд на голови во официјални натпревари. Единствено жалам што не можам да те прегрнам денеска. Но ја објавувам оваа фотографија во твоја чест како симбол за пријателство кое постои многу години, напиша Пеле на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)