Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по разговорите во Брисел изјавил дека ковид потврдата, која е на дневен ред на Европската комисија , ќе опфати три категории.
Три категории сертификати – за вакцинираните, за тие кои имаат негативен тест и за тие кои прележале ковид-19 – објаснил Пленковиќ во интервју за „Политико“.
Како што наведува тој, сертификатот кој Европската комисија ќе го претстави на следниот самит, месецов, би требало да го олесни патувањето и да укине низа мерки и рестрикции кои ги воведоа одделни држави.
Важно е да се движиме напред. Целата идеја на советувања на ниво на Европа е да имамае некаква рамка која ја зема предвид еднаквоста на нашите граѓани и можноста за движење – порачал Пленковиќ.
Европската унија е се поблиску до одлуката да воведе потврда за вакцинација како услов за движење во земјите членки на ЕУ.
Comments are closed for this post.