Пријател на Љупчо Николовски Путерот шверца 5 шлепери тутун, а Љупчо Путерот брка путер по магацини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Откако успеа да заплени 60 тина паковања путер, или народски кажано две кеси, гледаме дека во државата се е во нормала. Па и оние 111 места на листата на Транспаренси сега не се толку лоши, наскоро ќе биде уште полошо.
Прошверцувани се 5 шлепери тутун, а никој не е во затвор. Заев се однесува како ништо да не се случило. Да не беше во прашање пријател на Љупчо Путерот, и за 10 штеки цигари сега ќе беше зад решетки.
Со СДСМ буквално се повторуваат деведесетите. Шверцот цвета, криминалот е на секаде, а никој не одговара.
ЈО безобразно молчи за Студенац Шпед. Зошто не е поткрената истрага и зошто сите замешани во шверцот се на слобода?!
Дали ЈО упатува порака до сите дека може да шверцаат тутун и да поминат неказнети, или сепак треба да се пријатели со вицепремиер?!
Јавноста нема да заборави, на шверцерот, пријателот на Љупчо Путерот и тој самиот наскоро ќе треба да објаснат како и зошто се шверцни 5 шлепери тутун.
Доаѓа време за одговорност, стои во соопштението.
Comments are closed for this post.