ВМРО-ДПМНЕ не е никаков блокатор во државата. Тоа го докажа и со гласањето на Законот за тутун кој е за доброто на граѓаните.
СДСМ ако има толку стабилно мнозинство зошто сами не си ги изгласат законите во Собранието.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржат закон изградба на нов Клинички центар со кој СДСМ планира да направи грабеж од пола милијарда евра.
Со самото гласање за доверба на владата ги продолжи маките односно да и понатаму државата се задолжува, да се зголемува невработеноста, да се затвараат фирми, да нема вакцини и лекови и така натаму.
Вакви криминални политики ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да поддржи. Затоа потребно е веднаш да се стави крај на овие погубни политики на Заев и да замине веднаш, велат од партијата.
Comments are closed for this post.