ДУИ не ги смета за нелегитимни внатрешните тела кои не беа реизбрани по последниот конгрес на партијата пред една година, како што е предвидено со статутот. Причината за одложувањата, според нив, била пандемијата.

Сè оди добро, но како и секоја друга политичка партија која има пречки во организирањето и делувањето поради пандемијата и ДУИ има свои потешкотии во овој поглед, но никогаш не изостануваа, не изостануваат и нема да изостануваат состаноци, без разлика дали се во формалните или неформалните тела.

Потпретседателот на партијата, Изет Меџити, изјави дека партиските тела се место каде треба да се разговара за незадоволството што тој и другите партиски функционери го имаат за извршната власт и за внатрешните тела на партијата.

После конгресот, само претседателот на партијата Али Ахмети и Генералниот совет се легитимни. Претседателството што беше одржано е нелегитимно, но се одржа како тело каде што можеме да ја отвориме дебатата и да видиме каде лежи проблемот. Мислам дека едно од решенијата е да се свика Генералниот совет по отчет на извршните тела и да се оди на гласање, па таму ќе видиме. Ако мнозинството смета дека оваа извршно тело е на добар пат, ќе се согласам со мнозинството.

Меџити упати и обвинувања кон неговиот сопартиец Артан Груби. Тој рече дека Груби е „де факто“ претседател на ДУИ и има преземено повеќе функции отколку што може да извршува. Груби му реплицираше дека ова се внатрепартиски дебати.

Вистинската демократија и изразување на слобода на говор е додадена вредност во ДУИ, но кога тоа се изразува во партиските органи, а не тоа да се претвори во јавна сапуница. Јас секако дека прифаќам критики, ги прифаќам сугестиите за поголема работа и за подобра работа. Повикувам да седнеме заедно и да разговараме за тоа како можеме да направиме подобри работи.

Меџити за првпат изрази незадоволство при изборот на кадрите на ДУИ во сегашниот владин кабинет.

 

извор Алсат