Грција од вчера жали за 37-дневно бебе, најмладо меѓу речиси 6.800 жртви на Ковид-19 во земјата, пренесува АФП.
За жал денес ја имавме најмладата жртва на пандемијата во нашата земја, новороденче кое помина 17 од своите 37 дена борејќи се со коронавирусот“, објави на Твитер премиерот Кирјакос Мицотакис.
„Денес тагата е неподнослива“, рече тој.
Министерството за здравство соопшти дека бебенцето е донесено во атинска детска болница во средината на февруари со воспаление на носот и треска, и е ставено на интензивна нега еден ден подоцна. Тоа почина во неделата.
Речиси 6.800 луѓе починаа од вирусот во Грција, додека скоро 480 лица се на интензивна нега.
Министерството за здравство минатата недела соопшти дека повикува на дополнителни приватни ресурси во болницата бидејќи призна дека јавниот здравствен систем во Атина бил под „неподнослив притисок“.
Comments are closed for this post.