Бујар Османи коментираше дека ДУИ е единствената партија која има 13 победи по ред, и дека е специфична уникатна партија настаната од војна, а денеска модерна партија.
„ДУИ е специфична партија, уникатна партија којашто наметна нови стандарди во државата. Единствена партија во државата која има 13 победи по ред. Не постои таква партија во регионот.
Зошто е тоа така? Граѓаните исто така се специфични, селективни, прибирливи, многу прецизни во своите одлуки. Но ДУИ преку својата виталност, преку внатрешната дебата, која на луѓето им беше чудно на почетокот, бидејќи не беа навикнати. ДУИ наметна нова динамика. Партиите кои немаат жива дебата, венеат. Не може да се обноват, да се прилагодат на новите трендови.
Comments are closed for this post.