Имавме тешка година, додека беа полициските часови бевме сите дома, од јули почнавме внимателно, со балетот, по групи.
Учествувавме на „Охридско лето“. Според протоколите, ние направиме свој протокол за работа, но и публиката го почитува. Има голем интерес од публиката.
Од 690 седишта, 190 седишта ни се на располагање, публиката е желна. Имавме голема гледаност кога имавме он лајн проекции. Час и половина најмногу може да трае нашата претстава.
Невозможно е „Аида“ да ја одржиме целата претстава, таа трае 4 часа, а ние мораме да ја скратиме на час и половина. 30 луѓе се во хорот. Ако продолжи сутуацијата со пандемијата, како што е сега, најверојатно нема да има „Мајски оперски вечери“.
Кога бев назначен за директор на НОБ, имавме многу публика, лани за Василица имавме околу 820.000 за две вечери од продажба на билети.
Наследив 53 милиони денари долг 2018 година, 800.000 евра. 2019 година успеав да го намалам на 45 милиони, 2020 дојдовме 36,5 милиони денари – вели Васо Ристов, директор на Национална опера и балет во Студио 10 на ТВ24.
Comments are closed for this post.