За два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра. Државата е ставена на апарати. Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Заев со ова задолжување се спасува од банкротот кој беше неминовен како резултат на лошите политики и неадекватното менаџирање на кризата.
-Долгот со овие задолжувања официјално ќе скокне над 7 милијарди евра, и 65% од БДП. Ова задолжување е само за крпење на дупки, и доколку нема промена на политиките, наскоро ќе ни треба ново задолжување. Државата ќе тоне, пари нема, а каматите ќе стануваат се поголеми. Затоа наместо на крпење на дупки државата треба да се насочи кон развој, стои во соопштението.
Comments are closed for this post.