Портпаролот на француската влада, Габриел Атал, денес потврди дека властите размислуваат за тринеделно заклучување на Париз со цел да се потисне ширењето на вирусот корона, пренесува Еуроњуз.
Агенцијата наведува дека првиот заменик градоначалник на Париз, Емануел Грегоар, вчера објави дека ќе достави план до француската влада, со кој се пропишува превентивно тринеделно заклучување на главниот град, со цел да се создадат услови за повторно отворање на сите места, вклучувајќи барови, ресторани и театри.
Вчера, францускиот премиер Жан Кастекс изјави дека владата ќе воведе мерки, вклучително и заклучување на викендот во Париз и 19 други региони од почетокот на март, доколку епидемијата продолжи да се шири.
Comments are closed for this post.