Чешката влада денес ќе разговара за можното воведување на поостри мерки против ковид-19, изјави владиниот портпарол откако министрите не успеаја да постигнат согласност за нови ограничувања на вонредниот состанок претходниот ден.
Премиерот Андреј Бабиш во средата рече дека се потребни построги мерки за да се избегне „катастрофа“ во болниците понатака, бидејќи земјата се бори со една од највисоките стапки на инфекција со ковид-19 и смртни случаи во светот, пренесува Н1.
Земјата со 10,7 милиони жители веќе снемува болнички кревети, така што некои болници мораа да префрлуваат пациенти во други болници, а министерот за здравство предупреди дека нема да има повеќе места во болниците во следните недели.
Владата размислува да побара од Германија да и помогне во хоспитализација на пациенти.
Ресторани, места за забава, сите продавници, освен оние за храна и повеќето училишта се веќе затворени, но министрите размислуваат за понатамошни ограничувања на движењето на луѓето за да се спречи ширењето на вирусот.
Земјата пријави вкупно скоро 1,2 милиони заразени и 19.682 смртни случаи од почетокот на пандемијата. Бабиш рече дека ситуацијата е сериозна. „Не чекаат пеколни денови“, рече тој на прес-конференција во средата.
Comments are closed for this post.