Во пресрет на денешниот почеток на вакцинацијата со кинеската вакцина, унгарските власти ги повикаа граѓаните да веруваат во вакцините што се одобрени во земјата.
Ѓорѓи рече дека 275.000 граѓани ќе примат кинеска вакцина оваа недела, пренесува АП.
Сите вакцини што се достапни во Унгарија се безбедни и можат да обезбедат заштита од вирусна зараза, рече Ѓорѓи.
Унгарија ќе биде првата земја во Европската Унија која ќе им даде кинеска вакцина на своите граѓани, иако, како што тврди АП, анкетите на јавното мислење покажуваат дека довербата на Унгарците во таа вакцина е на ниско ниво.
Comments are closed for this post.