Сплиќанецот Филип Завадлав (26), кој пред една година со „калашников“ изрешета тројца дилери на дрога во Сплит, вчера беше осуден на по 15 години затвор за секое убиство посебно или во единствена затворска казна од 40 години.
Тој на завршните зборови во судскиот процес против него негираше дека е виновен и рече дека не се гледа себеси на местото на настанот, дека не е виновен и му предложи на судот да биде номиниран за Нобеловата награда за мир.
-Во тоа време бев на море и ме уапсија врз основа на нечија инсинуација. Не го сторив тоа. Зошто би го сторил тоа? Никој сè уште не ме убеди дека јас сум тој што пукал. Жалам што живееме во општество каде “Вакви работи се случуваат. Од ова треба да се извлече поука”, рече обвинетиот Завадлав.
Поради таквите изјави судот денеска ја образложи пресудата со зборовите дека неговата одбрана била инфантилна и несериозна, па истата не била прифатена. Иако се предвидуваше да добие 50 години затвор, односно максималната казна во Хрватска, судот рече дека нема докази оти станува збор за безобзирна одмазда, како што гласеше обвинението.
Судот, исто така утврдил дека не е докажано оти убиените го малтретирале помалиот брат на Завадлав, односно убиството го извршил при намалена пресметливост.
Според обвинението, Завадалав ги убил тројцата дилери на дрога оти го малтретирале неговиот брат додека тој бил на брод, а за време на убиството бил под дејство на лекови.
На оружјето не биле најдени употребливи отпечатоци од Завадлав, а биле утврдени траги од мешан ДНК профил, кој делумно одговарал на неговиот.
Comments are closed for this post.