Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека неговата партија планира да поднесе иницијатива за гласање за доверба на Владата во Собранието, по бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

На пратениците им порача да ја сочуваат својата чест, а за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека се уште не смогнал храброст да се обрати пред граѓаните.

Претседателот на најголемата опозициска партија повика дека е време за техничка Влада

Техничка Влада која овие неколку месеци до локалните избори ќе подготви терен истовремено и за фер парламентарни избори.

Заедно потоа сите ние да избереме Влада на чест, која ќе се бори за граѓаните, а тоа е достоинствен живот. Тоа е она што денеска и е потребно на Македонија и на народот на Македонија“, порача Мицкоски.