Албанските власти влегле во затворената приватната зоолошка градина „Сафари Зоо парк“ во селото Мбростар и од таму успеале да спасат 12 диви животни, кои биле прегладнети поради негрижата на сопствениците.
Во акцијата, покрај абанските полицајци, учествувале и ветеринари од меѓународнта организација за грижа за животните „Четири шепи“, коишто со седативи успале три лавови, мечка, мочуришна антилопа, четири елени, лисица, зебра и желка, по што ги префрлиле во јавната зоолошка градина во Тирана.
Приватната зоолошка градина претходно била затворена од сопствениците по критиките дека не се однесуваат на соодветен начин кон животните што ги чуваат таму.
Зоолошката градина се наоѓа на 100 километри јужно од албанскиот главен град.
Comments are closed for this post.