Здружението на оштетени штедачи од Еуростандар банка во пресрет на утрешната седница на Уставниот Суд, на којашто, како што наведуваат во соопштение, прва точка од дневниот ред e иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, јавно изразува надеж во владеење на правото и заштита на темелните вредности на оваа држава заштитени со Уставот.
Во соопштенето наведуваат дека членовите на Здружението се длабоко убедени дека во овој случај правото е на нивна страна и дека правдата на крајот сепак ќе победи.
-Во таа смисла, Здружението ги повикува судиите на Уставниот Суд при одлучувањето да се концентрираат само на Уставот и законите, бидејќи само тоа може да гарантира дека ќе донесат одлука со која ќе ги потврдат заложбите за владеење на правото. Се друго претставува калкулантство, субјективизам, необјективност, пристрасност и заштита на нечии интереси наспроти примена на правото, наведуваат од Здружението.
Кога е во прашање заштита на интереси, потсетуваат дека свои интереси околу Еуростандард банка имаат многу групи и поединци, разни структури на луѓе, банкари, политичари, бизнисмени, владини претставници, државни органи, структури од подземјето, поранешни акционери, менаџери и вработени во банката, па се до корисници на кредити. Сметаат дека доколку Уставниот Суд калкулира со заштита на некои од нивните интереси тогаш никогаш нема да донесе одлука која ќе биде одраз на владеење на правото.
Нивниот повик, како што посочуваат во соопштението, до Уставниот Суд е да се апстрахира од политичките влијанија, бидејќи политиката не значи владеење на правото туку протежирање на политичка агенда,, потоа влијателни банкарски кругови коишто ја застапуваат тезата за нарушување на финансискиот систем и банкарскиот сектор во случај на позитивна одлука на Уставниот Суд, како и сите други структури кои имаат непосреден или посреден интерес од или во стечајот на Еуростандард банка и кои преку стечајот се обидуваат да профитираат, да сокријат одредени состојби, да избегнат одговорност или да протежираат некакви решенија во сопствен интерес
Comments are closed for this post.