Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук објави за големата заинтересираност кај граѓаните  за давање потпис со кој ќе го искажат револтот за престојниот попис на населението.

Тој вели дека ако Заев има малку разум после ваков голем одзив ќе се откажае од намерата за ваков попис.

Илјадници граѓани од Битола, Охрид, Ресен и другите општини од југозападна Македонија го ставија својот потпис против фалсификат пописот на Заев.Доколку Заев има барем малку разум, после денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот тој ќе го прекине процесот.

 

За само еден ден својот потпис го ставија над 25.000 граѓани а акцијата продолжува и денеска.