Граѓаните не се задоволни воопшто од последниве години како расте пензијата, атоа ВМРО-ДПМНЕ мора што побрзо да ја симне оваа власт и да понуди подобри решенија, изјави при денешната посета во општина Бутел потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
-Денеска сме тука во Бутел, каде што ќе имаме неколку средби со повеќе целни групи или со повеќе граѓани. Заедно со пратеникот Дарко Костовски, заедно со дел од раководството на Општинскиот Комитет Бутел, се разбира и со многу граѓани да разговараме за сите оние теми што се секојдневни. За темите што најмногу граѓаните ги интересира и секако да ги објасниме нашите ставови по сите прашања, рече Мисајловски.
„Денеска со многу пензионери исто така се сретнавме и имавме убав настан каде што можевме да слушнеме каков е животот во Македонија и колку се задоволни од стандардот. Јас можам да кажам дека не е баш така розово како што оваа власт сака да презентира. Односно слушнавме пред извесно време министерката за труд и социјала спомна дека сите граѓани се среќни од кога СДСМ дошле на власт. Но, не е така, додаде Мисајловски.
Граѓаните не се задоволни воопшто од последниве години како расте пензијата, односно околу стотина денари само им е качена пензијата во последните три – четири години вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денеска слушнавме дека граѓаните не се задоволни воопшто од последниве години како расте пензијата, односно околу стотина денари само им е качена пензијата во последните три – четири години. Слушнавме дека многу нивни основни потреби не може да си ги остварат. Слушнавме како дека не можат за еден обичен преглед да дојдат на ред во амбулантите и поликлиниките, и во болниците се разбира. Не можат и немаат можност да се вакцинираат. Не можат да гледаат како нивните деца не можат да најдат работа тука бидејќи се повеќе гранки се затвораат. Но, и се повеќе млади се иселуваат, истакна Мисајловски.
„И тоа се прашања што ги мачат тука жителите во Бутел. И затоа добро е ВМРО-ДПМНЕ што е на терен и разговара за овие прашања бидејќи нема избори, кога нема избори добро е секогаш да разговараме со граѓаните. И затоа од овие сите разговори потоа да ги преточиме во програма, но и да обрнеме големо внимание на она што е потребата на луѓето, а тоа е подобар живот.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ мора што побрзо да ја симне оваа власт и да понуди подобри решенија, да понуди подобра програма и се разбира да се види напредок во општината, вели Мисајловски.
Мисајловски рече дека ова мора што побрзо да се промени
„Како што Општината Бутел не прави ништо, како што Градот Скопје не прави ништо, зборам за капитални проекти, за поубав Бутел итн., ништо не прави ниту власта.
Затоа сето ова набрзо мора да се промени, рече Мисајловски.
Comments are closed for this post.