Со Законот за учебници за основно и средно образование, сите неправилности и неправди во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени, почнувајќи веднаш од учебникот по географија за втора година средно образование, заклучиле на денешната средба првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за образование и наука, Мила Царовска и поранешниот министер и пратеник Арбер Адеми.
На средбата на која се разговарало за концептот на реформи во образованието и за Законот за учебници за основно и средно образование тројцата соговорници се согласиле дека во овој случај, со учебникот по географија за втора година средно, како и со другите учебници, ќе се примени членот 26 став 2 од Законот за учебници. Овој дел од законот наведува дека учебниците се повлекуваат од употреба доколку содржат материјали што ја навредуваат историјата, културата и вредностите на сите граѓани на Република Македонија.
Како што соопштија од кабинетот на Груби, тој и Царовска исто така се согласиле дека во рамките на оваа одлука во периодот што следува ќе се разгледаат сите учебници со цел да се стави крај на овие појави, односно недоследностите во овие учебници.
Comments are closed for this post.