Два вида коронавирус ги споија своите геноми во високо мутирана хибридна варијанта на коронавирусот.
Откриен е случај на „рекомбинација“ во примерок од вирусот во Калифорнија, а неговото откритие предупредува дека можеби ќе можеме да влеземе во нова фаза на пандемијата. Според New Scientist, новиот хибриден вирус е резултат на рекомбинација на многу пренослива варијанта откриена во Велика Британија и видот откриен во Калифорнија, за кој се претпоставува дека е одговорен за неодамнешниот голем бран на инфекции во Лос Анџелес, пренесува „Слободна Далмација“.
Тоа е варијанта Б.1.429 на коронавирусот, која е отпорна на постојните антитела на оние кои веќе ја преживеале короната. Заедно со британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот, калифорнискиот вид е уште една мутација која кружи веќе некое време.
Рекомбинацијата на британските и калифорниските соеви ја откри д-р Бети Корбер од Националната лабораторија Лос Аламос во Ново Мексико. Пред две недели, таа навести дека забележала доста јасни докази за тоа во базата на податоци на американските вирусни геноми.
Доколку нејзиното откритие биде потврдено, ова ќе биде првиот „рекомбинант“ откриен во оваа пандемија. Во декември и јануари, две истражувачки групи објавија дека не пронашле емпириски доказ за рекомбинација на вирусот, иако тоа долго се очекуваше, како што е вообичаено кај коронавирусот. За разлика од редовната мутација, каде што промените се акумулираат една по една, рекомбинацијата може да собере повеќе мутации во еден потег.
Ова создава вируси со нови карактеристики во смисла на можност за инфекција на клетките, репликација, можност за ширење кај популацијата, вирулентност и патогеност. Практично никој од популацијата нема развиено имунитет против ваквите нови форми на вирус, па затоа тие лесно се шират и можат да предизвикаат нови пандемии. Создавање на нови рекомбинантни форми на вирусот и последователните пандемии имало во минатото, а најпозната е пандемијата на шпански грип.
Comments are closed for this post.