Бојан Јовановски познат како Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март, дознава „Плусинфо“.
Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“.
Боки-13 е осуден на 9 години затвор во случајот „Рекет“. Тој беше пуштен во домашен притвор поради здравствени проблеми. За време на судењето за случајот „Рекет“ рече дека парите од рекетот се кај лидерот на СДСМ Зоран Заев и кај неговиот брат Вице.
Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски – рече тој на изрекувањето на пресудата.
Comments are closed for this post.