Денеска сме тука во центарот на Скопје на зеленото познато, популарно пазарче, разговаравме со луѓето кои што тука и го печалат својот леб. Од тој леб го хранат и своето семејство, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со пазарџиите на Зелен пазар.
Разговаравме и за начинот како властите овдека во Општина Центар, во градот Скопје се однесуваат со нив. Како се задоволни, т.е. да бидам попрецизен незадоволни од моменталната ситуација во која што самите работат и во која што државата се наоѓа.
Она кое што е важно, да кажам, дека наместо розевите очила кои што се обидуваат владата и скапо платениот ПР со нормално државни и крадени пари да го претстават, овие луѓе овдека буквално солзи ронат и едвај од крај со крај врзуваат во први месец.
Она кое што можев да го слушнам, навистина е страшно, тажно, но истовремено и разочарувачки и дополнително не мотивира да истраеме и да се бориме, и да направиме подобра држава од оваа која што денеска ја доведе Зоран Заев и ова раководство на СДСМ и оваа Влада, коалиција СДСМ – ДУИ.
Ценам дека во периодот во кој што следи вакви посети се императив и за нас како политичка партија, заедно со граѓаните да ја напишеме следната би рекол изборна програма која што ќе биде дел од локалните избори. Но истовремено и да се подготвиме за нови предвремени парламентарни избори на кои што оваа Влада ќе биде минато, и ќе дојде Влада која што ќе работи за интересите на граѓаните, и за интересите на Македонија.
Она што можам како човек да се обврзам, како нивен сограѓанин е дека сето свое знаење, сето време кое што ќе ми биде на располагање ќе работам исклучиво за интересите на овие луѓе, бидејќи нема поголемо задоволство за човек да направи друг човек среќен.
Comments are closed for this post.