Матурантите се вратија на настава, го прекинавме бојкотот по средбите со пратениците. Уживаме поддршка од 70 пратеници, за да не губиме од наставата одлучивме да се вратиме на настава. Лобиравме да се стави на дневен ред предлог законот за изменување на Законот за државна матура. Денеска ќе имаме средба и со премиерот Заев. Секоја партија ќе се труди да ги партизира нашите барања, но нема да дозволиме партизација, со нашиот Сојуз од 2017 година се трудиме да е далеку од политиката, сакаме само да се бориме за поквалитетен образовен систем. Бараме само од пратениците да најдат решение за тема која засега над 18.000 матуранти“ – вели Бленди Ходаи – претседател на Средношколски сојуз на Македонија за Студио 10 на ТВ24.
Ходаи: Секоја партија ќе се труди да ги партизира нашите барања, но нема да дозволиме партизација
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.