Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија ќе одржат седници со повеќе точки на дневен ред.
Пратениците од Комисијата за политички систем ќе расправаат за повеќе годишни извештаи, меѓу кои, за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2019 година, за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2019, за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2019 година…
Членовите на Законодавно правната комисија треба да го разгледаат Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, по скратена постапка. На истата седница меѓу другото треба да биде разгледан и предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје” исто така по скратена постапка.
Comments are closed for this post.