Австрија од утре ги засилува граничните контроли кон сите свои соседи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Патувањата, според објавите, треба да бидат сведени на апсолутен минимум. Граничните контроли, истакнува министерот за внатрешни работи, се инструмент за прекинување на бранот инфекција.
Засилено контроли ќе има и на граничните премини кои се таргет на мигрантите. Сите кои ќе влезат во Австрија мора да имаат негативен ПЦР тест и да поминат 10 дневен карантин.
Карантинот може да се прекине по пет дена, со втор негативен тест.
Comments are closed for this post.